Армијата на САД ги предупредува граѓаните „да не паничат“ ако видат ТЕНКОВИ по улиците!

Во пресрет на парадата за Денот на независноста на САД, 4. јули, во која ќе бидат вклучени воени возила, американската армија ги повика граѓаните на Вашингтон „да не паничат” ако  видат тенкови на улиците.

Полковникот Сансет Белински изјави за Си-Би-Ес дека жителите на главниот град „ќе видат возила што се движат во нивно место, но не треба да паничат”.

Тој не прецизира каде ќе се наоѓаат тенковите во центарот на градот. На парадата по барање на претседателот на САД, Доналд Трамп ќе учествуваат борбени авиони Ф-35 и Ф-18, хеликоптери на армијата и на крајбрежната стража. Две борбени возила се забележани денеска во близина на меморијалниот центар Линколн каде Трамп ќе има говор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот