17.8 C
Скопје

Армијата ќе промовира 65 подофицери од вкупно 120 планирани за годинава

Во касарната „Илинден” денеска ќе биде промовирана првата група подофицери од професионалните војници. Првата група ја сочинуваат 65 лица од вкупно 120-те професионални војници.

Курсот за подофицери се организира по 11 години. Обуката за нив почна на 28 ноември 2020 година, а заврши на 4 февруари, додека втората група од 55 лица ќе ја започне обуката на 22 февруари.

Обуката се реализира во Центарот за обука „Пепелиште” од страна на искусни инструктори од Командата за обука и доктрини, Баталјонот за специјални сили и Извидувачко – разузнавачкиот баталјон. Курсот за подофицери се состои од повеќе теми и тоа – подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, општи воени знаења и практични форми на обука и ситуациони вежби.

На промоцијата најавено е обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а од Министерството за одбрана истакнуваат дека настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од Ковид -19.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар