Армијата и одбраната активно се вклучија во денешната акција за чистење на животната средина

На неколку локации кај касарните „Илинден”, „Гоце Делчев” „Ѓорче Петров” и касарната во Петровец во Скопје, како и во другите гарнизони низ државата – Куманово, Тетово, Кичево, Прилеп, Велес и Штип, припадниците на Армијата и вработените во Министерството, заедно со министерката Радмила Шекеринска, активно се вклучија во акцијата за чистење на животната средина, чија цел е да ја подигне свеста за потребата од почиста животна околина, соопштија од Министерството за одбрана.

– Наполнивме стотици ќеси со ѓубре, да се погрижиме сите локации да останат чисти и по денешниот ден. Едноставно е – ако сакаме чиста држава, ако ѓубрето ни пречи, да престанеме да го фрламе каде што не треба, порача министерката.

Од Министерството информираат дека во денешната акција се придружија и првите луѓе на НАТО канцеларијата во Скопје и канцеларијата на САД за одбранбена соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот