АРМИЈА ОД 15.000 ВАГАБОНТИ: Македонските ученици на Инстаграм ги вандализираат училиштата

Фото: Принтскрин

Ученици од Македонија имаат група на социјалната мрежа Инстаграм, под назив „Crazy.school.videos.mk“, каде се објавуваат видеа во кои се гледа како тие палат клупи и ги фрлаат низ прозорец, пушат, намерно дивеат, а и се смеат додека го снимаат целото тоа, пренесува Факултети.мк. 

Групата веќе има 100-ина постови и 15.000 члена. Некои од видеата се позајмени од странски земји, но на некои веднаш може да се утврди дека станува збор за македонско училиште бидејќи учениците зборуваат на македонски јазик. „Ќе ги запали брат, ќе ги печи, нафора“, коментира ученик додека друг пали со запалка некоја црна материја на клупата.

Проблемот е што групата секојдневно се зголемува, а админите повикуваат и други ученици да снимаат вакви видеа и да им ги испраќаат за да ги објават.

Фото: Принтскрин

„Најлудите Школски Видеа. Доколку сакате и вашето видео да биде објавено, пратете ми го. Придружи ѝ се на армијата од 15.000 Вагабонти“, пишува во описот на групата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот