Армија на САД: Ги повлековме сите наши војници од Сомалија, следува нивна прераспределба во Кенија и во Џибути

Американската армија денеска соопшти дека целосно се повлечени сите нејзини војници од Сомалија.

Дел од воените експерти предупредија дела повлекувањето на околу 700 американски војници од Сомалија е во „најлошо време” бидејќи екстремистичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, продолжува со нападите врз воени и цивилни мети, дури и во главниот град Могадишу.

Исто така, американските војници се повлечени на помалку од еден месец пред изборите во Сомалија.

Повлекувањето на американските војници беше најавено лани, а 15 јануари беше последниот рок. Контингентот војници што беше стациониран во Сомалија, сега ќе биде прераспореден во Кенија и во Џибути, каде САД имаат постојани бази во Африка.

Американската армија за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп изврши голем број воздушни напади врз цели на Ал Шабаб, група која брои од 5.000 до 10.000 борци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот