Арјанит Хоџа избран за шеф на Централниот штаб на БЕСА за локалните избори

Арјанит Хоџа
Фото: Facebook/Арјанит Хоџа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и генерален секретер на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа на Фејсбук објави дека денеска е избран за шеф на Централниот штаб на партијата за локалните избори.

– Денеска се одржа редовниот состанок на централното раководство на Движењето БЕСА. На овој состанок се дискутираше за неколку важни точки во пресрет на локалните избори, наведува Хоџа во објавата.

Тој потенцира дека централното раководство на партијата, со едногласна поддршка, му предложило на Централното собрание да го избере за шеф на Централниот штаб за локалните избори во 2021 година.

– Се чувствувам привилегиран да водам важен процес за партијата и за сите активисти на Движењето БЕСА, додава Хоџа во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот