Аријанит Хоџа: Беса ќе гласа за законот за ЈО, пратениците на ДУИ се молат тој да не помине

Генералниот секретар на движењето БЕСА Аријанит Хоџа вели дека пратениците од оваа партија ќе гласа за законот за јавното обвинителство, бидејќи истиот по 12 април ќе овозможи сите тие што извршиле криминал и корупција да завршат во затвор.

„ Артан Груби повика Движењето БЕСА да гласа за нацрт-законот за Јавното обвинителство, додека според информациите што ги поседуваме ние некои пратеници на ДУИ се молат да не успее гласањето, бидејќи тие ги знаат последиците. Исто така, целата јавност знае дека ДУИ како и ВМРО не сакаат овој закон да се донесе, но меѓународните пријатели од САД и ЕУ јасно го кажаа својот став дека овој закон е усогласен и одобрен од нивните експерти, така што Артан Груби и ДУИ се обидуваат да го покријат сонцето со сито со своите повици што личат на изреката: „Барам работа, но му се молам на Бога да не најдам работ “, напиша Хоџа на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот