Аријана Гранде ќе донира 1 милион долари на обожавателите за психотерапија
Аријана Гранде ќе донира 1 милион долари за бесплатна психотерапија. Во изјава на нејзиниот инстаграм-профил во вторникот пејачката напиша дека се здружила со организацијата за ментално здравје „Better Help“ затоа што според неа терапијата не треба да биде само за малкумина привилегирани, пренесува „Daily Mail“.
Пејачката секогаш била искрена во дискутирањето на сопствената борба со анксиозност и депресија, а во објавата на нејзиниот инстаграм-профил, ѕвездата се надева дека грантот ќе ги охрабри луѓето да не се плашат да зборуваат за потребата од терапија.
View this post on Instagram
Во објавата, таа продолжува – дека ова можеби нема да ја „поправи“ недостапноста на психотерапија, но се надева дека може да биде чекор во вистинската насока.
„Возбудена сум за соработката со @betterhelp преку која ќе биде дадена бесплатна терапија во вредност од 1 милион долари! Знам дека ова не го решава тоа прашање на долг рок. Навистина сакав да го направам ова со надеж дека ќе ве инспирирам да ставите прст во вода, да ви е удобно да побарате помош и се надевам дека ќе ги ослободите умовите од секаков вид на самоосудување при тоа!“, напиша Аријана.
View this post on Instagram
„Се надевам дека ќе ја искористите оваа можност и ќе отидете на betterhelp.com/ariana за да се споите со лиценциран терапевт за еден бесплатен месец. После тоа, ќе имате избор дали да продолжите“, вели таа.
„Се надевам дека ова ќе биде корисна почетна точка и дека ќе можете да изградите простор во вашите животи и да продолжите! Заздравувањето не е линеарно или лесно, но вреди да се вложи труд и време, ветувам! Многу им благодарам на @betterhelp и едвај чекам да работиме заедно“.
View this post on Instagram
Веб-страницата ќе поставува лични прашања за да ги процени потребите на корисниците, а потоа ќе ги совпадне со соодветен терапевт. Штом ќе помине првиот месец, луѓето ќе имаат можност да ги продолжат сесиите и ќе добијат попуст од 15% за вториот месец.