Аријана Гранде им донира пари на фановите кои останале без работа за време на корона вирусот

Instagram

Американската пејачка Аријана Гранде (26) им помага на фановите кои се најмногу погодени од прекинувањето на работата заради пандемијата од коронавирусот. Таа е потполно свесна за тешката ситуација во која се наоѓаат многу нејзини фанови во екот на пандемијата и одговара на нивнитеповици, со тоа што им праќа пари за да им помогне во овие тешки времиња.

– Поп ѕвездата комуницирала со фановите на друштвените мрежи, кои се „отвориле“ за нивните финансиски проблеми и борбата со тешкото време како што се губењето на работата, неможноста да ги плаќаат сметките … – вели извор близок до пејачката.

-Дознавме дека барем во 10 случаи, а можеби и повеќе, Аријана на своите фанови им пратила пари како донација. Тие фанови откриле дека примиле уплата од 500 до 1.500 долари и тоа е нешто што го правела тајно последниве неколку дена. – додава изворот.

Фановите на кои им пратила пари се по случаен избор.

Освен тоа, таа се фокусирала на оние кои се навистина во проблеми и кои ја изгубиле работата.

-Едно момче добило донација, за кратко откако кажало дека му се потребни пари за да ја плати киријата за април, затоа што останал без работа – изјавил изворот.

Тоа е убав и хуман гест, но Аријана наскоро ќе има премногу потенцијални кандидати за донација, ако се погледне новиот извештај на навработеност во САД.

Се проценува дека повеќе од 2,5 милиони Американци ќе останат без работа за време на пандемијата од корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот