Аријана Гранде е во самоизолација со новото момче, еве кој е и што работи тој

Profimedia
Profimedia

Американската пејачка и глумица Аријана Гранде е во самоизолација, а друштво и прави нејзиното момче Далтон Гомез. 

Еве кој е мистериозното момче со кого ѕвездата беше видена неодамна како разменува страствен бакнеж. Двајцата се во превентивна изолација. Дали оваа изолација ќе им биде тест за понатамошен заеднички живот?

Новото момче се вика Далтон Гомез и работи како агент за недвижнини.
Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија од Гомез, но набрзо истата ја отстрани.

Инстаграм профилот пак, на среќникот е приватен, но меѓу неговите следбеници се појавува Аријана Гранде, што воопшто не е изненадувачки.

 

Дека поп-ѕвездата ја загубила главата за личност која не е поврзана со светот на шоубизнисот, се шпекулираше уште пред неколку месеци, кога беше „уловена“ од ТМЗ додека страсно се бакнуваше со непознато момче во еден бар во Лос Анџелес. 

View this post on Instagram

#arianagrande #hollywood #music #tmz

A post shared by TMZ (@tmz_tv) on

Гомез е првото за јавноста непознато момче на дивата. Пред него името на Аријана Гранде се поврзуваше со раперот Мајкл Фостер, кој го освои срцето на ѕвездата по завршувањето на врската со американскиот комичар Пит Дејвидсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот