Арифи за „Утрински брифинг“: Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија се стожерни и меѓународно признати

Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија се стожерни и меѓународно признати, изјави за „Слободен печат“ Теута Арифи, градиначалничката на Тетово за емисијата „Утрински брифинг“,

Тие и овозможија на Македонија да постигне внатрешна стабилност и да биде дел од НАТО и да бара перспектива во ЕУ“, вели Арифи.

Ова за „УБ“ го изјави Теута Арифи и додаде дека ДУИ очекува како партнер во идната влада да бидат политичките сили што ќе го почитуваат континуитетот на договорите во Македонија и со Меѓународната заедница.

Арифи не исклучува и формирање на втор блок во албанското избирачко тело и потоа да се разговара за перспективата на внатрешните етнички и политички односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот