Арифи: Во Тетово немаме ниеден позитивен од редот на тестираните, 353 лица во изолација се чувани од МВР

фото: Слободен печат/Д. Митрески

-Има редукција во општината, секторот урбанизам работи он-лајн. Има редуциран состав и во делот на архивите, затоа што сакаме што помалку да имаме изложеност на луѓе. Секој вторник имаме редовни координации на општинскиот штаб. Останатите денови координацијата ја вршиме он-лајн, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Во Тетово до сега нема регистриран пациент заболен од коронавирус.

-Од минатата недела дадовме налог само четврток да е пазарен ден. Оваа ситуација е голем и сериозен предизвик за држави, градови и системи поорганизирани од нашите. до сега во Тетово немаме ниеден позитивен од редот на тестираните. Според тоа што сме информирани од болницата во Тетово, тие се спремни за справување со коронавирусот, рече Арифи и додаде дека комуналните дејности се комплетно со функција, но и дека денес очекуваат дс пристигнат уште 12 пумпи за дезинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот