Арифи: Тетово беше првата општина со албанско мнозинство што избра жена за градоначалник

Теута Арифи/Фото: Фејсбук

Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи на прес-конференција порача дека вториот круг од Локалните избори за Тетово значи избор за одење напред кон европски, зелен и модерен град или враќање назад. Таа рече дека тетовчани оваа недела ќе одлучат за иднината на општината.

-Нашата визија за Тетово е европска – тоа значи европски стандарди во однос на инфраструктурата, транспарентноста во администрацијата, заштитата на животната средина и пред се, животниот стандард на граѓаните. Јас сакам Тетово да биде модерен, европски град, со највисок квалитет на живот за сите граѓани. Го претставив мојот план за следните четири години, со реални и остварливи проекти, кои ќе го направат Тетово модерна општина достојна за живеење – со одржливи решенија за сообраќајното прашање, со политика на нулта толеранција на отпад, кучиња скитници и казина. Во следните четири години Тетово ќе биде зелена, модерна и европска општина, рече Теута Арифи.

Таа истакна дека кога се зборуваме за европско Тетово, не станува збор само за модерна инфраструктура и европски животни стандарди, туку и за такво општество.

– Горди сме на нашето Тетово како модерно и отворено општество, што значи: еднакви права за сите граѓани, почитување на правата на жените, мирен и пријателски соживот меѓу Албанците, Македонците, Турците, Ромите и сите етникуми кои живеат во нашиот град. Нашето Тетово беше првата општина со албанско мнозинство што избра жена за градоначалник. Нашето Тетово стана пример за мирен соживот, пример за заедништво на различностите -етнички, верски и културни. Во нашето Тетово се почитуваме, се цениме меѓусебе, ја цениме културата, традицијата и религијата. Ова обединето Тетово, овие современи европски вредности се непроценливи и од таму нема враќање. Оваа недела во прашање е доведено нашето европско Тетово, истакна Арифи.

Таа посочи дека Тетово не треба да се враќа во минатото, кога поделбата го кочи општествениот напредок.

-Заедно да одиме напред – напред за европско Тетово. Само вашиот глас може да обезбеди западно Тетово со европски стандарди и европски вредности. Само вашиот глас може да ги обезбеди правата на жените, отворено општество каде подеднакво се почитуваат сите етникуми и вери. Само вашиот глас може да обезбеди дека Тетово ќе продолжи да оди напред и нема да се врати во минатото, кое веќе го оставаме зад нас. Додека нашиот противкандидат на овие избори кажа дека не ги сака гласовите на сите граѓани, не ги сака гласовите на ВМРО, јас велам многу јасно: Јас сум градоначалник на сите граѓани без исклучок и ја барам поддршката и довербата од сите вас. Ги повикувам симпатизерите на СДСМ и ВМРО јасно да гласаат за обединето Тетово, каде секоја заедница и секоја вера се третираат и почитуваат подеднакво. Барам поддршка од ромската и турската заедница во Тетово, за дополнително зајакнување на вредностите на нашето мултиетничко општество. И ги молам сите Албанци, без разлика на партијата или опцијата што ја поддржаа во првиот круг, да гласаат за она што е најдобро за сите наши граѓани и деца: модерно европско Тетово, Тетово за сите, истакна Теута Арифи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот