Арифи: Шест случаи на коронавирус во тетовскиот регион

Теута Арифи / ФОТО: МИА

Моментално во општина Тетово имаме 235 лица во самоизолација, а 64 лица се во карантин во хотелите во Попова Шапка, истакна  Арифи.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб информираше дека шест лица се заболени со коронавирус. Од шестте општини во тетовскиот регион само во две локални самоуправи нема позитивен случај.

– Бевме информирани од претставниците на здравствените институции дека имаме шест позитивни случаи со коронавирус. Од нив, тројца се со живеалиште во општина Тетово, еден во Боговиње, еден во Желино и еден во општина Јегуновце. Клиничката болница информираше дека располага со 400 кревети и екипи за можни нови позитивни случаи. Моментално во општина Тетово имаме 235 лица во самоизолација, а 64 лица се во карантин во хотелите во Попова Шапка, истакна  Арифи.

Таа побара од банките да најдат начин за помал метеж пред нивните објекти.

– Апелираме до банките во градот да најдат модус за исплаќање на пензиите со цел да не се прави гужва од оваа група на граѓани кои се најизложени на опасноста од овој вирус, рече Арифи.

Според градоначалничката, направена е дезинфекција на сите градски населби и на селата Порој, Џепчиште, Мала и Голема Речица и на Попова Шапка. Преостанува дезинфекција на шарпланинските села како Сараќино и Фалише.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот