Арифи: Не е дека ние се гледаме во влада, граѓаните така одлучија

Верувам во процесот на преговори за формирање на парламентарно мнозинство и дека преку рационализам ќе може да најдеме коректно решение за сите, изјави потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи на ТВ 24.

-Бројките се тие, во кампања може да се дадат изјави мислејќи дека ќе се добијат 20 пратеници, но кога разговарате имате тврдоглави бројки на маса. Не зборуваме за откажување од идејата за премиер-Албанец, треба да ни се верува, таа идеја станува важна идеја, но сакаме да видиме како тоа ќе се одвива низ процесот на разговори – рече Арифи.

Арифи вели дека ДУИ никогаш не ги поставила политичките идеи како уцена, туку како прогресивни политички идеи кои ќе донесат добраи моменти и толеранција. ДУИ не поставува идеи за уцена, туку идеи за прогрес на едно општество, смета Арифи.

Прочитајте и...  Гази Баба има најмногу активни случаи на ковид-19 во Скопје, потоа следат Аеродром, Кисела Вода и Карпош

Таа додаде дека ДУИ сама, без коалициски партнери, освои 15 пратеници, кои, според неа, би било некоректно да се игнорираат.

-Со тој легитимитет ќе ги оствариме приоритетите. Комуникации меѓу партиски членови има, но нема официјален процес. Не е дека ние се гледаме во влада, граѓаните така одлучија. Во опозиција може да не испрати само народот со гласање, желбите се едно но бројките се тие – порача Арифи.

Поврзани вести

Украинскиот претседател Зеленски се излекува од коронавирусот

Слободен печат

ВИДЕО: Девојче падна од третиот кат од станбена зграда, сите останаа вчудовидени како се спаси

Илинка Иљоска

Сојузот на здруженија на пензионери апелира да се обезбедат вакцини против грип за пензионерите

Слободен печат

Германски виролог објаснува за короната: Зошто Кинезите трошат многу кондоми, зошто луѓето не требаше да се затвораат дома и како правилно постапи Путин

Слободен печат

ФОТО: На аеродром во Багдад уапсен генералниот координатор на ИСИС

Илинка Иљоска

Поради штрајк граничниот премин Евзони утре ќе биде затворен за сообраќај

Слободен печат

Остави Коментар