Арифи: Да не се губи време, предметите од СЈО да добијат правна разрешница

Со Одлуката на Законодавно-правната комисија веќе се утврдува дека кога Ѓорге Иванов ги носел одлуките за помилување, немал правен основ да го прави тоа, ако кога некој на јавна функција носи одлуки без да има правен основ, тоа е кривично дело на злоупотреба на положбата и тоа е кривично дело кое не застарува и нема никакви пречки сега да се побара одговорност од Иванов, порача универзитетката професорка Беса Арифи на трибината „Правда наместо амнестија”, во организација на СДСМ.

Арифи истакна дека предметите отворени од Специјалното јавно обвинителстви мора да продолжат и да се забрзаат затоа што тоа е важно за правдата.

– СЈО не е еден човек кој сега можеби е обвинет во кривична постапка и тоа нема да ги избрише или укине делата за кои СЈО покрена обвиненија. Добро е што предметите преминаа во редовните обвинителства и што се работат од обвинители од СЈО. Не треба да се губи ниту ден ниту час за тие процеси да добијат правна разрешница. Бидејќи задоцнета правда е нереализирана правда, гледаме сите дека има случи кои застаруваат, обвинети и осудени кои бегаат од државата, порача Арифи.

Колку повеќе случаите ќе се одолговлекуваат, толку повеќе ќе се ибегнува правдата и затоа обинителите и судовите треба да сторат се за да има што побрза правна разрешница, заклучи Арифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот