Археолози случајно откриле град стар 5.000 илјади години во Израел (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Археолози случајно откриле град стар 5.000 илјади години во Израел (ВИДЕО)

Во прашање е „космополитски и испланиран град“, кој датира од бронзеното време.

Израелски археолози објавија дека откриле 5.000 години стар град, на север во Израел.

Древниот град бил случајно откриен во текот на подготовките за вршење на градежни активности на автопат во близина на Хариш, град на околу 50 километри северно од Тел Авив.

Во прашање е „космополитски и испланиран град“, кој датира од бронзеното време.

Градот се простирал на 65 хектари и имал околу 6.000 жители.

Откриен бил и необичен обреден храм, како и запалени коски од животни, што е знак дека биле изведувани ритуали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close