Археолошкиот музеј ги отвара вратите на кучињата придружници

Фото: Фејсбук

Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија од денес ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.

„Како општествено одговорна институција кој прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници“, соопштуваат од Археолошкиот музеј.

Од таму дополнуваат дека Археолошкиот музеј ги исполнува сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и дека располага со лиценцирани водичи за лица со попреченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот