Аргентиските шверцери не ја надмудрија полицијата: Службите го пронајдоа необичниот начин на пренесување на дрога

Фото: Принтскрин/Ел Паис

Полицијата во Аргентина уапси членови на криминална група на дилери кои се обвинети за криумчарење на кокаин кој бил сокриен во пластични контејнери кои наликуваат на машки полови органи, објави „Гардијан“.

Пластичните контејнери полни со дрога ги продавале дилери кои делуваат во делот на градот Ла Плата кој е преплавен со проституција, на оддалеченост од 60 километри јужно од главниот град Буенос Аирес.

Објавеното полициско видео покажува 10 пластични контејнери кои наликуваат на машки полови органи, откако биле откриени во дом на пар од Перу, кои наводно ја воделе организацијата.

Полицијата запленила повеќе од еден килограм кокаин, половина килограм марихуана и претходно споменатите пластични контејнери во домот на партнерите од Перу кои воделе ресторан.

Наводниот лидер на криминалното здружените веќе бил во домашен притвор за време на полициската рација.

Според надлежните, тие по неколку часа прислушкување на телефонски разговори дознале дека бандата и клиентите користеле специјални кодови за нивните трансакции: „бабата“ претставувало 10 грама кокаин, додека „бебето“ значело пет грама.

– Испрати три „баби“ во мојата куќа – слушнале на еден од разговорите, вели полицијата.

– Три „баби“ и две „бебиња“? – прашал дилерот.

Полицијата спровела седум рации во различни делови од Ла Плата, Берисо и Сан Исидро, во кои се уапсени пет мажи и три жени.

Органите на прогонот велат дека операцијата започнала во јануари и вклучувала прикриени агенти и 400 часови на прискушкувани разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот