Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез наскоро во Челси?!

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Португалските медиуми известуваат дека Енцо Фернандез е на медицински прегледи во Лисабон. Според „Скај Спортс Њуз“ Челси ги има сите ресурси да го реализира трансферот пред завршување на зимскиот преоден рок.

Фудбалерот прави сè што може за да го оствари овој договор, а и неговиот досегашен клуб Бенфика е подготвена тоа да се реализира во последните часови од преодниот рок.

Договорот се очекува да биде вреден 105 милиони фунти колку што е цената на ослободителната клаузула на играчот од средниот ред.

Последните информации велат дека Челси и Бенфика сè уште не можат да ја договорат структурата за плаќање на Енцо Фернандез. Лондонските „сини“ сакаат да платат шест рати за пет години, додека Бенфика три исплати за две години.

Енцо Фернандез со најдобрата аргентинска репрезентација ја освои титулата на Светското првенство во Катар 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот