Аргентинскиот министер за сообраќај загина во сообраќајна несреќа

Фото: Миа.мк

Аргегнтинскиот министер за сообраќај Марио Меони синоќа загина во сообраќајна несреќа, откога изгубил контрола врз службениот автомобил, со кој самиот управувал.

Меони загина на околу 100 километри западно од Буенос Аирес. Несреќата се случи на дел од патот, на кој самиот Меони учествуваше на почетокот на работите, во октомври минатата година, кога Владата на Аргентина одлучи да го претвори во автопат со четири ленти. Меони предупредуваше дека на таа делница е многу опасна.

Министерот сам патуваше во својот роден град Хунин, чиј градоначалник беше трипати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот