Аргентински пратеник се опушти пред камерите, водеше љубов додека колегите дискутираа на вонредна седница (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/ YouTube

Конференциите па и седници на собрание и влада станаа редовна пракса во земјите каде пандемијата зема голем замав, па државните функциониери поопуштено дискутираат со колегите, но еден пратеник од Аргентина „отиде предалеку“.

Аргентинскиот политичар Хуан Емилио Амери бил снимен како се гали со својата партнерка за време на специјалната седница на која неколку пратеници присуствувале во живо, а повеќето преку интернет.

Откако бил забележан во вакво интимно дејство со својата партнерка, за време на виртуелната седница, политичарот бил суспендиран, а ова видео стана вирален хит и предизвика незадоволство во јавноста.

 

Амери е пратеник од северната провинција Салта во владејачката коалиција. За локалното радио рекол дека се чувствува лошо поради тоа што се случило.

Пратеникот додал дека неговата интернет конекција била лоша и дека не бил свесен дека бил фатен во интимен момент со партнерката, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот