Аргентинците според планот, Италија „два од два“ (ВИДЕО)

fiba.basketball

Италијанската репрезентација во групата Д со убедливи 92:61 над Ангола дојде и до втората мундијалска победа. Блескаше Марко Белинели со 17 поени, а по 11 имаа Абас, Хекет и Брукс, а за африканскиот претставник доминираше Мореира со 15.

Убедлива беше и Венецуела во групата А совладувајќи ја селекцијата на Брегот на слоновата коска со 89:71 за прва радост на СП после стартниот пораз од Полска.

Прв стрелец за јужноамериканската репрезентација беше Хилент со 31 поен и седум асистенции, а со 16 за „слоновите“ се истакна Абуо.

Во групата Б Аргентина продолжува победнички, овојпат со 94:81 беше подобра од Нигерија. Предводени од Луис Скола кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 10 скокови, а во нигерискиот состав се истакна Џош Окоџие со 18 поени.

И во групата Ц Тунис ја преслуша селекцијата на Иран (79:67) со фантастичната партија на Салах Межри (22 поени, 15 скокови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот