Аргентина воведува нови мерки: Патниците мораат да покажат негативен тест и да поминат карантин

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Од утре Аргентина ќе воведе нови мерки за меѓународните патници во авиосообраќајот, што ќе бидат на сила до 8 јануари, соопшти Министерството за внатрешни работи на таа земја.

Меѓународниот сообраќај ќе се одвива само од два аеродрома – Езејза и Сан Фернандо, двата во близина на главниот град Буенос Аирес.

Патниците ќе мора да покажат дека имаат негативен тест за коронавирусот и мораат да поминат 7 дена во карантин, се вели во соопштението на Министерството.

Во Аргентина се потврдени 1.555.279 случаи на заразени со ковид-19 и 42.254 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот