Аргентина воведе нова банкнота поради високата инфлација

Аргентина валута/ Фото: vtupinamba / Alamy / Alamy / Profimedia

Во услови на висока инфлација, аргентинските власти одлучија да воведат нова банкнота од 2.000 песо, соопшти Централната банка на таа јужноамериканска земја. Во моментов во земјава се користат банкноти од 1.000, 500, 200, 100, 50, 20 и 10 песо, пренесува Танјуг.

Поради наглото зголемување на потрошувачките цени, кои на крајот на 2022 година скокнаа за 94,8 отсто, многу граѓани веќе подолго време зборуваат за потребата од воведување нови апоени, меѓу кои и оние од 5.000 пезоси.

Инфлацијата од 94,8 отсто е највисока во Аргентина во последните 32 години и една од највисоките инфлации забележани во последно време во светот, објави неодамна АФП. Во претходната 2021 година, инфлацијата во Аргентина изнесуваше 50,9 отсто. Претходниот рекорд беше во 1991 година, со неколку последователни годишни стапки на инфлација над 100 проценти. Таа година го означи крајот на циклусот на хиперинфлација над 1.000 отсто.

Аргентина, третата најсилна економија во Латинска Америка, е заглавена во хронична инфлација, двоцифрена во последните 12 години од различни причини, и домашни – враќање на буџетските дефицити, големи инфлаторни очекувања и надворешни – прво пандемијата, и сега влијанието на војната во Украина, кои го спречуваат закрепнувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот