Аргентина ново жариште на Ковид-19 во Латинска Америка

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Според последните податоци, Аргентина регистрира 13.000 нови случаи на Ковид-19, што е рекордно дневно зголемување на бројот на заразени во земјата, која станува ново жариште на заразата во Латинска Америка.

Карантинските мерки во Аргентина, кои сè уште се во сила во поблага форма, првично дадоа резултати, но на 5 септември беа потврдени повеќе од 12.000 новозаразени.

Заклучно со вчерашниот ден, вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Аргентина надмина 600.000, а во текот на изминатите две недели, бројот на заразени лица на 100.000 жители беше 332, информира Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот