Аргентина и Мексико ќе произведат и дистрибутираат вакцина против коронавирусот во Јужна Америка

Фото: Профимедиа

Аргентина и Мексико ќе произведуваат и дистрибуираат во Јужна Америка, освен во Бразил, идна вакцина против коронавирусот на лабораторијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорф, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандес.

– Лабораторијата на  АстраЗенека има потпишано договор со Фондацијата Слим за производство на меѓу 150 и 250 милиони вакцини со цела Јужна Америка, освен Бразил, и ќе биде достапна во првите шест месеци од 2021 година и рамномерно распоредена во земјите што го бараат тоа, нагласи Фернандес.

Според него, Аргентина и Мексико го преземаат јужноамериканското производство на вакцина против коронавирусот, што ќе овозможи побрз и поефикасен пристап за целиот регион.

Јужна Америка и Карибите се најпогодени од вирусот. Во таа област починаа 225.596 лица, додека пет милиони и 720.309 лица се заразени.

Од друга страна, бразилската федерална држава Парана одлучи да ја тестира и произведе новата руска вакцина, која неодамна ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот