Аргентина без Икарди на „Копа Америка“

EPA-EFE

Големиот недостаток на минутажа и тензијата околу неговиот договор со Интер се едни од причините што Икарди не се најде на списокот на Скалони.

Освен тоа, и поради повреда беше надвор од теренит, а во јавноста се зборуваше дека играчот е всушност здрав и дека глумел поради незадоволство од текот на преговорите.

Составот на Аргентина: Акуња, Агуеро, Андрада, Армани, Каско, Де Пол, Ди Марија, Дибала, Фојт, Фунес Мори, Ло Челсо, Маркесин, Мартинез, Меси, Отаменди, Паласиос, Паредес, Перејра, Пецела, Родригез, Саравиа, Суарез, Таљафико.

46. издание на „Копа Америка“ официјално ќе започне на 14 јуни, а ќе заврши на 7 јули. Шампионската титула ја брани репрезентацијата на Чиле.

Аргентина ќе игра во групата Б заедно со селекциите на Колумбија, Парагвај и Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот