Арета Френклин го објави најголемиот хит во кариерата, Калиопи заврши со снимањето на вториот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешениот ден, 29 април, низ музичката историја го одбележаа неколку настани за кои подетално можете да прочитате во продолжение.

1899 година – Роден е Дјук Елингтон, еден од највлијателните светски џез композитори и пијанисти.

1963 година – на „Rolling stones“ им се доделени 90 фунти за правата над првите снимки. Менаџерот на Стонси, Ендрју Олдхам и агентот Ерик Истон потпишаа договор со групата со кој ги откупија од бендот сите права за првите снимки во износ од 90 фунти.

1967 година – Арета Френклин на сингл го ојбави најголемиот хит во кариерата, песната „Respect“, од албумот „I never loved a man the way i love you“, кој се смета за еден од најдобрите изданија во популарната музика.

1978 година – Словенската џез-рок група „Септембер на Флориди“ заврши со снимање на албумот „Домовино моја“, кој издавачката куќа РТВ Љубљана го објави дури кон почетокот на следната година.

1980 година – Јужноафриканската влада го забрани емитувањето на песната на „Pink Floyd“, популарната „Another brick in the wall“, откако Јужноафриканските ученици ја прифатија како своја химна и знак на протест против подредената положба во образованието.

1987 година – Македонската поп-рок група Калиопи во Загреб заврши со снимањето на својот втор албум, кој кон почетокот на наредната година излезе под називот „Роџени“. Насловната песна на изданието, баладата „Роџени“, позната и под името „Бато“, стана и еден од хитовите на годината во земјата и најславна песна во кариерата на групата, која набргу потоа се распадна.

1993 година – Почина Мик Ронсон (46), англиски гитарист, продуцент, композитор, аранжер и мултиинструменталист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот