Ардерн: Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени на подолг период

Џасинда Ардерн / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени на подолг период оваа година поради пандемијата на коронавирусот, но земјата ќе ги почитува патните аранжмани со соседна Австралија и другите пацифички држави, потврди денеска премиерката Џасинда Ардерн.

Таа најави дека официјалната надлежна институција Медсејф може да издаде дозвола за употреба на вакцината на „Фајзер / Бионтек” веќе следната недела, во услови на зголемен притисок на јавноста да започне масовна имунизација на населението.

Со само двајца новозаразени, вкупно 1.934 случаи на Ковид-19 и 25 смртни случаи од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд со целосно затворање и изолација успеа да го елиминира коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот