Арбреша Реџепи е осмиот македонски спортист кој ќе учествува на Игрите во Токио

Фото: judo.org.mk

Олимпискиот стипендист на Македонскиот олимписки комитет, Арбреша Реџепи е осмиот македонски спортист кој ќе учествува на Летните олимписки игри во Токио, Јапонија, кои ќе се одржат од 23 јули – 8 август 2021 година.

Џудистката Реџепи ќе настапи на 25 јули во Нипон Будокан салата со почеток од 11.00 часот по јапонско време (04.00 часот наутро по македонско време). Таа ја доби довербата МОК и ИОК и доби покана за учество на ОИ ТОКИО 2020.

Претходно Македонскиот олимписки комитет информираше дека спортисти од нашата земја за кои е потврдено учеството на Олимпијадата се:

1. Дејан Георгиевски – Таеквондо “А“ Олимписка норма
2. Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А“ Олимписка норма
3. Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)
4. Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)
5. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта)

МОК во зацртаниот рок, исклучиво врз основа на официјално доставена документација од страна на Меѓународната пливачка федерација (FINA), на 20 јуни 2021 година достави апликација за Универзално место (вајлд карта) за еден пливач и една пливачка и тоа за:

1. Филип Дерковски – 732 ФИНА поени
2. Ева Петровска – 714 ФИНА поени

До овој момент, МОК нема добиено никаков официјален документ или каква и да е потврда од страна на ФИНА за кој и да е друг спортист. МОК е во процес на преговори со ФИНА и со Пливачката федерација на Северна Македонија за расчистување на оваа ситуација, која треба да биде разјаснета до 1 јули 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот