Арбитражата не го пушти Танкоски во Еурофарм Работник
Марио Танкоски, нашиот репрезентативец се поврзуваше со трансфер во редовите на Еурофарм Работник ова лето со цел да се засили уште подобро битолскиот состав пред настапот во ЛШ.
Но, организаторот на играта се уште е под договор со Металург, како причина од Металург да побараат од РФМ да донесат конечна одлука околу овој случај со Танкоски.
Арбитражата пресуди во корист на Металург, па така сега за Еурофарм Работник останува најверојатно да платат одредено обесштетување за услугите на играчот.
Танкоски побарал да му се раскине договорот со Металург поради неподмирени обврски од страна на клубот, но арбитражата одлучи дека тој нема да добие исписница и тој се уште е под договор со клубот од „Автокоманда“ и трае уште една година.
За следната сезона Еурофарм Работник ги обезбеди Никола Митревски, Бојан Маџовски, Анже Ратајец и Мартин Велковски.