Арбен Таравари е избран за редовен професор на Медицинскиот факултет на УКИМ

Специјалистот-невролог и гостиварски градоначалник, Арбен Таравари е избран за редовен професор по Неврологија на Медицинскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, објави УКИМ во универзитетскиот билтен.

Таравари, кој има долгогодишно искуство на Универзитетската клиника за неврологија, досега имаше звање вонреден професор.

Врз основа на целокупната доставена документација и личното познавање на кандидатот, Рецензентската комисија позитивно ја вреднува и ја оценува наставнообразовната, научноистражувачката и стручно-применувачката дејност, како и дејноста од поширок интерес на вонр. проф. д-р Арбен Таравари. Врз основа на изнесените податоци за севкупната активност на кандидатот од изборот во претходното звање до денес, Комисијата заклучи дека вонр. проф. д-р Арбен Таравари поседува научни и стручни квалитети и според Законот за високото образование и Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ги исполнува сите услови да биде избран во звањето редовен професор во наставно-научната област неврологија“, се вели во рефератот за изборот на Таравари во универзитетскиот билтен.

Актуелниот градоначалник на Гостивар и поранешен министер за здравство минатиот месец најави повлекување од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците, како и дека градоначалничкиот мандат кој го освои на локалните избори есенва, ќе биде негов последен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот