„Арбен Џафери“ ќе почека на влез во Македонија! (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Драган Митрески

Властите во Косово потврдија дека свеченоста за пуштањето во употреба на последната делница од косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје ќе се одржи на 29 мај. Сепак, од македонска страна состојбата е многу поразлична.

Од Министерството за транспорт и врски не информираа дека во моментов се подготвува тендерска постапка за првата делница од 1,9 километри од граничниот премин до село Блаце. Тој дел од автопатот треба да биде завршен до крајот на следната година.

Паралелно со активностите за првата фаза ќе се работи на препроектирање на втората фаза од клучка Блаце до клучката Стенковец во Скопје во должина од 10,5 километри. За неа е предвидено да се објави тендер во првиот квартал следната година, по што во вториот квартал би почнале и градежните работи. Целосната изградба на делницата се очекува да биде завршена кон средината на 2023 година.

Оттаму велат дека првичниот проект е од 2002 година, а во меѓувреме на оваа делница се изградени индустриски објекти, гробишта и слично, така да овој проект е во целост нефункционален. Поради тоа во 2016 година е донесена одлука да се направи препроектирање.

Со изградбата на автопатот во должина од 12,5 километри и инвестициска вредност од 110 милиони евра, се очекува патувањето меѓу Приштина и Скопје да се скрати од два часа на 45 минути.

Претходно, вицепремиерот Османи истакна дека станува збор за стратешки проект за Македонија и оти Косово е најевтиниот и најсоодветниот извозен пазар за државава.

„Годишната трговска размена со Косово е околу половина милијарда евра при што Македонија има значителен суфицит. Затоа е многу важно да имаме автопат за да може нашите трговци да испорачуваат стока во Косово“, рече Османи дополнувајќи дека проектот е важно регионално значење како дел од агендата за поврзување во рамки на Берлинскиот процес.

Инаку во моментов, оваа делница е во катастрофална состојба, се вршат мали санации и ништо повеќе, иако Косово е еден од најзначајните трговски партнери на нашата земја.

Погледнете ги фотографиите од патот!

Фото: Драган Митрески

[foogallery id=”23747″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот