Арапската лига го повика Тунис да ја врати стабилноста и смиреноста

EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Претставници на Арапската лига во телефонски разговор со тунискиот министер за надворешни работи, Отман Геранди, повикаа на враќање на стабилноста и смиреноста во земјата.

Младата демократија во Тунис се соочува со најтешка криза откако претседателот Каис Саид ја собори владата и ја замрзна работата на парламентот со помош на војската, потег што најголемите партии, вклучително и исламистите, го прогласија за државен удар.

Во соопштението на Арапската лига се вели дека министерот за надворешни работи на Тунис, Геранди, во целост го информирал генералниот секретар на Лигата за ситуацијата во Тунис.

Арапската лига го повика Тунис брзо да ја надмине моменталната бурна фаза, да ги врати стабилноста и смиреноста и способноста на државата да работи ефикасно за да ги исполни аспирациите и барањата на народот, се вели во соопштението.

Исламистите се жалат на пуч, народот низ Тунис слави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот