Аранитаси назначен за нов претставник на ЕБОР во земјава

Анди Аранитаси

ЕБОР го назначи Анди Аранитаси за нов Претставник во Северна Македонија. Анка Јоана Јонеску ќе си замине од Скопје на 1 септември.

Господинот Аранитаси работи во ЕБОР Лондон од 1998 година, а од 2000 до 2005 година е банкар во канцеларијата во Бугарија. Седум години работи во Истанбул, на енергетски проекти во Европа и Азија, и последниве две ипол години е во Бугарија во истиот оддел. Неговото работно искуство е во тимовите на Централна Европа и Западен Балкан, во секторите на телекомуникации, енергија и енергетика.

По завршувањето на средното образование во неговата родна земја Албанија, г-дин Аранитаси ја добива школарината на Фондацијата Отворено општество за Американскиот Универзитете во Бугарија, каде дипломира во 1996 година.

,,Сакам да ја продолжам тековната работата со локалниот тим во проекти за поврзување на земјата, како и во оние од секторот инфраструктура и енергија, истовремено ангажирајќи се за зголемување на активностите на Банката во приватниот сектор”, истакна Аранитаси.

До денес ЕБОР има инвестирано во Република Северна Македонија, повеќе од €1.87 милијарди во 117 проекти, фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции на Банката и други придружни активности. Анка Јоана Јонеску ја претставуваше ЕБОР во Северна Македонија повеќе од пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот