Арачиновец обвинет за убиство на сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице од скопското село Арачиново за кривичните дела убиство и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а јавниот обвинител до Судот достави предлог со кој побара да биде продолжен претходно определениот притвор за обвинетиот, заради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците​.

Како што информира ОЈО, обвинетиот 39-годишник, на 29 април годинава, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот неговата сопруга.

-Тие откако се вратиле од прошетка и влегле во нивната соба, започнале вербална расправија заради брачни недоразбирања. Во еден момент, обвинетиот се упатил кон подрумските простории во куќата каде што неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Pietro Beretta MOD.70″ со калибар 7,65 мм. Пиштолот го ставил во џебот од јакната и се вратил во собата каде што била оштетената. Двајцата сопружници продолжиле да се расправаат, а обвинетиот го извадил пиштолот, го вперил кон оштетената со закана дека ќе ја убие и испукал еден куршум во задната страна на главата. Од повредите дошло до пореметување на работата на важни витални центри и настапил смртен исход кај оштетената, соопшти ОЈО. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот