Aquaporin – сѐ, само не обичен пречистувач на вода

Фото: Aquaporin
Обезбедувањето здрава и чиста вода за пиење е предизвик со кој се соочуваат многу развиени земји во светот, дури и оние кои се уште може да се пофалат дека имаат квалитетна вода од чешма. Во земјите во Европа и САД, каде е безбедно да се пие водата од чешма, таа честопати содржи бигор и други непосакувани честички или има непријатен вкус. Затоа, вистинското решение е во филтрација на водата, со што се осигуруваме дека водата дома е секогаш безбедна, прочистена од сите непосакувани материи и со совршен вкус.

Постојат различни видови пречистувачи на вода на пазарот, но само еден се издвојува по уникатниот начин на кој ја филтрира водата – пречистувачот Aquaporin. Овој пречистувач на вода користи најиновативна данска технологија конструирана според начинот на филтрацијата на водата во природата. Технологијата се базира на протеинот aquaporin кој е одговорен за транспорт и пречистување на водата во сите живи клетки. Милијардите години еволуција го направиле протеинот аквапурин супер-ефикасен и супер-селективен, така што ја пропушта само водата без ниту една штетна микрочестичка.

Пречистувачите Aquaporin ја копираат техниката на протеинот од природата, при што филтрите ја пропуштаат само чистата вода без бигор, хлор, вируси, бактерии или пестициди. Така, од славините тече здрава и безбедна вода со совршен вкус. Целиот тој процес на филтрација се одвива многу брзо и енергетски ефикасно, со што се намалува количеството на искористена вода, а со тоа и трошоците.

Врвната данска технологија на Aquaporin ги освои развиените земји во светот и веќе се користи во вселенските летала на НАСА, а може да се најде и во Македонија. Пречистувачите Aquaporin се достапни на нашиот пазар преку овластениот застапник „Ецотип“, а изложени се во концепт-продавницата на „Ецотип“ која се наоѓа на улицата „Орце Николов“, спроти Машинскиот факултет во Скопје. Во земјава се достапни два вида Aquaporin пречистувачи – ZERO и ONE. Пречистувачот ZERO е компактен, лесно се монтира на секоја чешма без потреба од приклучок на електрична енергија. Овозможува исклучителна и безбедна вода за пиење директно од чешма, со совршен вкус и без штетни материи. Модерниот и ефикасен дизајн на пречистувачот ONE овозможува технологија на висок проток пречистена вода од над 65%, дури и кога водениот притисок е низок, што значи дека има многу помало количество отпадна вода и помали сметки.

Повеќе информации за врвните прочистувачи Aquaporin ќе најдете на следниот линк.

Комерцијален ПР текст
Видео на денот