Апсење за поткуп вечерва во Лозово, поткупувал во корист на независен кандидат

Избори Македонија
Избори во Македонија / Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Вечерва околу 17.30 часот во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А. (50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, информираат од полицијата.

Според нашите сознанија, тој давал и нудел пари, од 3000 до 5000 денари, во замена за глас за независен кандидат, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот