Апсење на продавачите на „Даркнет“: 150 лица се приведени во рациите спроведени во неколку држави низ светот

Хакери/ Фото: ЕПА

Полицијата ширум светот уапсила 150 осомничени лица за вмешаност во трговија со нелегална стока преку Интернет во големата истрага на Европол, изјави за ДВ извор од полицијата.

Целта на операцијата биле продавачите кои работеле на сајтот „Даркмаркет“, кој полицијата го укинала во почетокот на годинава, пренесе Дојче веле.

epa07544072 (FILE) – ILLUSTRATION

Оттогаш, истрагата е фокусирана на откривање луѓе кои продаваат нелегална стока на овој сајт и на локацијата каде што тој се наоѓал, што кулминираше со овие апсења.

Полициските рации, кои наводно се спроведени во Австралија, Германија, Франција, Бугарија, Италија, Холандија, Швајцарија, Велика Британија и САД – резултирале со апсење на лица кои биле означени како „лица од интерес“.

Хакерски напад/ Фото: Архива на Слободен Печат

Пазарите на „Даркнет“ (Darknet) им дозволуваат на дилерите на дрога безбедно да продаваат и испорачуваат забранети психотропни супстанци. Во минатото, полицијата успеала да ги открие операторите на такви локации кои ги координираат продавачите, но се покажало дека откривањето и апсењето на продавачите оди многу потешко.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот