АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА: Кај камионџија пронајдени 221 килограм марихуана!

Полициски службеник / Фото: Архива

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија и Управата на граничната полиција, заплениле околу 221 килограм марихуана и го уапсиле лицето Н.Ц. (25), поради сомненија дека извршил кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, пренесува Блиц.рс.

Полицијата на граничниот премин Гостун, на влезот во Србија, дрогата ја откриле во кабина на товарно моторно возило со кое управувал осомничениот.

На осомничениот му било одредено задржување до 48 часа, за потоа, со кривична пријава, да биде приведен од страна на надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот