АПСЕЊЕ ВО МАЛТА: Приведен осомничениот посредник во убиството на новинарката Каруна Галиција

Протест во Малта за убиството на новинакрата во 2017-та година/ Фото: Архива на Слободен печат

Полицијата на Малта соопшти дека е уапсен еден маж под сомнение дека посредувал за убиството на Дафне Каруна Галиција, новинарката која се занимаваше со истражување на корупција.

Најверојатно приведениот, чиј идентитет не е откриен, посредувал помеѓу нарачателот и извршителот на убиството.

„Тајмс оф Малта” денеска објави дека Владата ќе ја разгледа можноста за помилување на посредникот доколку открие детали кои би довеле до организаторот на убиството.

Весникот, исто така наведе дека во истрагата е вклучен и ЕВРОПОЛ.

Каруна Галиција која пишуваше блог за корупцијата, убиена е во Валета 2017 година откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив. За нејзиното убиство досега се осомничени три лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот