Апсење во Црна Гора: Уапсен убиецот на Шарац од криминалната група „Пинк Пантер“

Црногорската полицијата го уапси Л.И. од Краљево под сомнение дека во септември го уби Александар Шарац во гаража во трговскиот центар Ушќе во Белград.

Оваа информација ја објавија „Новости“, повикувајќи се на неофицијални сознанија.

Напаѓачот во Шарац пукал од пиштол „берета“, калибар 7,65 милиметри, на кој имало пригушувач.

Тој пиштол во текот на бегањето го фрлил во грмушки пред трговскиот центар каде форензичарите подоцна го пронајдоа.

На него се избришани сериските броеви, така што не може да му се влезе во трага, а нема ниту отисоци на него. Сето тоа наведува дека ликвидацијата на Шарац е многу професионално планирана и изведена.

Убиениот Александар Шарац бил припадник на криминалната група „Пинк Пантер“, осомничени за низа грабежи и разбојништва низ цела Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот