АПСЕЊЕ НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ ФРАНЦИЈА И ШПАНИЈА: Демонстранти го блокирале преминот, камион тргнал кон нив (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ DAVID BORRAT

Француската полиција денеска уапсила 18 демонстранти кои се борат за независност на Каталонија.
Полицијата користила солзавец и палки за да ги растера демонстрантите, кои повеќе од 24 часа го блокирале главниот граничен премин меѓу Франција и Шпанија.

Полицијата потоа почнала да изнесува возила и отпад и најавила дека повторно ќе го отвори автопатот за сообраќај неколку часа подоцна, јавуваат тамошните медиуми.

Полициската акција предизвикала помали конфликти со демонстрантите, а регионалната управа соопштила дека никој не е повреден во операцијата која траела цело утро.

Неколку стотици демонстранти останале околу преминот Ла Жонкуер, а покрај нив стоела и шпанската каталонска регионална полиција.

Во еден момент кон насобраните демонстранти тргнал камион, кој опколените протестанти го гаѓале со што ќе стигнат.

Планираниот тридневен протест почнал вчера, во организација на тајна активистичка група под назив „Демократско цунами“, која досега има организирано многу протести, од кои и неколку насилни, а откако десетици каталонски сепаратистички лидери беа осудени минатиот месец поради акција за независност на Каталонија.

Администрацијата за регион на Источните Пиринеи на југ во Франција, соопштила дека операцијата за разбивање на демонстрантите биле изведена во тесна соработка со Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот