Апсења во Црна Гора: Приведени 45 лица поради нередите во Подгорица

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Полицијата наведува дека 45 лица се уапсени поради напад на полициски службеници и инциденти кои се случиле на 29 декември.

За време на протестите поради усвојување на Законот за слобода на вероисповед во Подгорица се уапсени 45 лица, соопшти полицијата, која порачува дека превентивното делување ќе продолжи и за време на новогодишните празници, пренесува „Блиц“.

Се наведува дека 45 лица се уапсени поради напад на полициски службеници и инциденти кои се случиле на 29 декември.

Од полициската Управа напоменуваат дека за време на новогодишните празници ќе продолжат со превентивно делување во сите делови на главниот град, за да се одржи стаблноста на јавниот ред и мир.

Синоќа во Подгорица, за време на превентивни активности во сите делови на градот, се уапсени 35 лица поради напад на полициски службеници и инциденти.

– Осум лица се уапсени поради напад на полицајци и каменување на полициски службеници. Останатите ќе бидат процесуирани поради предизвикување на инциденти на подрачјето на главниот град – прецизираат од полицијата.

Во Зета синоќа беа приведени 10 лица кои, како што се навеува, се собирале и подготвувале предизвикување на нереди.

– Кај едно од приведените лица полицијата пронајде т.н. фантомка, палка и средство за комуникации, а за ова лице се преземаат соодветни полициски активности – се наведува во соопштението.

Потсетуваат дека се процесуирани 27 лица поради кривични дела и прекршоци извршени на територијата на Црна Гора, поради инцидентите кои се случуваа во претходните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот