АПСЕЊА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА: Инвеститори обвинети за убиство и злоупотреба на моќ

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

По катастрофалниот земјотрес кој се случи на 26 ноември во Албанија, а се води како најтежок во оваа земја во последните неколку децении, уапсени се девет лица под обвиниение за убиство и злоупотреба на моќ.  Во земјотресот загинаа 51 лице.

Како што објави полицијата, двајца од нив биле сопственици на нелегално изградени хотели што се урнаа во Драч, една од најтешко погодените области.

Нелегалното градење е еден од најголемите проблеми во земјата од падот на комунизмот во 1990 година, кога голем број жители се преселија во градови, по што почна масовно да се гради со слаба контрола од власта.

Над 14.000 луѓе останаа без дом по земјотресот од 26 ноември, најтежок во Албанија во последните неколку децении.

Обвинителите издадоа вкупно 17 налози за апсење на инвеститори, градежни инженери и официјални лица поради прекршување на безбедносни стандарди при градење.

Осуммина се недостапни за полицијата и се верува дека некои од нив избегале од земјата по земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот