Априлијада „Скопје се смее“ на скопскиот плоштад

Детски културен центар „Карпош” и Град Скопје денеска на плоштад Македонија ќе организираат детска журка, априлијада „Скопје се смее” за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на главниот град.

На априлијадата ќе има забава со маски, песни, игри, модерен балет и останати секции на ДКЦ „Карпош”, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, а учество ќе земат и децата со даунов синдром од Трисомија21.

На забавата ќе учествуваат: Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, музичките уметници Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири, музичкото училиште „Music House” и ди-џеј Ампов.

Денот на шегата ќе го одбележи и Општина Бутел со одржување на ревија на маски за ученици од сите седум основни општински училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот