Apple часовник кој чини повеќе од Порше

Ако сакате да го спарите својот прилагоден iPhone XS Max, кој е декориран со некои од најскапите достапни материјали, со соодветниот Apple Watch Series 4, Goldgenie е вистинскиот бренд за вас.

Овој британски бренд познат по прилагодувањето на скапоцените предмети и креатор на луксузни подароци, го претстави својот нов 24 каратен златен Apple Watch Series 4 асортиман, со најмалку шест различни, неверојатно декадентни опции.

Apple Watch Series 4 моделите се лансирани минатата година, а дојдоа со клучни унапредувања на најпопуларниот паметен часовник во светот. Едно од најочигледните унапредувања е поголемиот дисплеј, кој го следи потенок дизајн на часовникот, што како резултат нуди многу попривлечен изглед на лицето на овој модел, без круна.

Поголемите Series 4 часовници од 40 и 44 мм имаат куќиште практично со исти димензии како и нивните претходници, а покрај тоа, они нудат и нови сензори за работа на срцето, редизајнирана Дигитална круна и молњевито брз процесор.

Брендот Goldgenie го декорираше своето ново Apple Watch издание со различни финиши, вклучувајќи и 24 каратно злато, розево злато и платина, заедно со декорација од различни скапоцени камења. Како дел од најновот асортиман, Goldgenie ги претстави и верзиите декорирани со Swarovski кристали и VS1 дијаманти.

Цените на овој модел се движат од 2.600 долари, а досегнуваат и 144.000 долари, колку што е потребно да се издвои за Gold Apple Watch 4 Diamond Ecstasy верзијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот