Апостолова: Почитувањето на одлуката на Уставен и владеење на правото на Косово

Премиерот во оставка и лидер на ВВ, Курти денеска изјави не ја прифаќа одлуката на Судот и најави дека за идните дејствија на неговата партија граѓаните ќе бидат известени во наредните денови.

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова ги повика сите политички актери во земјата да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд на Косово во врска со декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за формирање нова влада на партија која не победила на избори.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Апостолова рече дека ЕУ ја следи внимателни ситуацијата по синоќешната одлука на Судот, со која се отфрли барањето на досега владејачката партија Движење Самоопределување (ВВ) на Албин Курти за прогласување на декретот на Тачи за неуставен.

– Ги повикуваме сите политички актери во Косово да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд и да ги преземат потребните чекори за спроведување на таа одлука. Ова се однесува на почитувањето на клучниот принцип на владеењето на правото, изјави Апостолова за медиумите во Приштина.

Претседателот Тачи, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти на 25 март и неколкуте неуспешни повици до ВВ да именува нов кандидат за премиер, мандатот му го додели на Авдулах Хоти, кандидат на второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

Лидерот на ЛДК, Иса Мустафа денеска најави дека собраниската седница на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за состав на новата влада ќе се одржи утре, сабота, или во понеделник, на 1 јуни.

Премиерот во оставка и лидер на ВВ, Курти денеска изјави не ја прифаќа одлуката на Судот и најави дека за идните дејствија на неговата партија граѓаните ќе бидат известени во наредните денови.
Низ социјалните мрежи веќе се најавува голем протест на членството и приврзаниците на ВВ, кој би се одржал во главниот град на Косово идниот петок, на 5 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот