Апокалиптични сцени во Русија: Мртви птици паѓаат од небо во областа Саратов (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Корисници на руските социјални мрежи споделуваат видеа со десетици мртви птици паднати на улиците во градот Балаково, каде што има нуклеарна централа, пишува „Раша Тудеј“ (РТ). Првите слики од овој необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа В контакти, на страницата „Типично Балаково”, посветена на градот кој се наоѓа на околу 1.000 километри јужно од Москва и во чија близина има голема нуклеарна централа.

Во коментарите под сликите, локалните жители наведуваат голем број на теории како причина за масовната смрт кај птиците.

Додека некои укажувале на природни феномени, како што се силни ветрови или судир на две јата, други обвинија за огномети, за загадување, па дури и  мрежа, иако таа сè уште не постои во Русија.

Коментарот кој доби најмногу лајкови потсетува дека хит телевизиската серија на ХБО, „Чернобил” чија тема е нуклеарната катастрофа од осумдесеттите, почнува со умирање на птици. Ветеринарниот оддел на Саратов објави дека ја истражува причината за овој инцидент, додека се појавуваат и теории дека може да станува збор за птичји грип.

Сепак, некои корисници на социјалните мрежи не им веруваат на експертите од Саратов и повикуваат експерти од Москва да дојдат во Балаково за да утврдат за што станува збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот